faqja e pare      për ne          redaksia       parapagimi      marketingu       kontakt  

10.9.2010  
 Maqedoni
 Ballkan
 Evropa
 Bota
 Arkivi
 2008
 2007
 2006
 2005

Состанок на сукцесорите на СФРЈ

Дводневен состанок на високите претставници за сукцесија на поранешната СФРЈ започнува денеска во Белград, на кој ќе се разговара за прашања за наследството.

Оваа средба на високите претставници за сукцесија на Словенија, Хрватска, Србија, БиХ и Македонија следи две години по последниот состанок одржан во 2007 во словенечкото место Брдо при Крањ.

На дневен ред на состанокот е извршувањето на договорот за наследство во сите негови димензии, изјави за агенцијата ста, високиот претставник за сукцесија на Словенија Руди Габровец, додавајќи дека на средбата треба да се види „до каде сме, кои се проблемите и што треба да се стори тие да се отстранат“.

Високите претставници за поделба на имотот на СФРЈ, како што е најавено, ќе зборуваат за договорот за наследство и за сите негови прилози, меѓу кои и за воениот имот, културното наследство, поделбата на дипломатско-конзуларните претставништва, повелба на неспорниот износ на обврски спрема Обединетите нации, прашањето за мешовитите банки и државните архиви.

Македонија на состанокот во Белград ја претставува Виктор Габер.