faqja e pare      për ne          redaksia       parapagimi      marketingu       kontakt  

10.9.2010  
 Maqedoni
 Ballkan
 Evropa
 Bota
 Arkivi
 2008
 2007
 2006
 2005

Европска Албанија приоритет на Бериша

Европска Албанија ќе биде главен приоритет на новата албанска влада, изјави прексиноќа старо-новиот премиер Сали Бериша, образложувајќи ја програмата на владата за наредните четири години.

Според Бериша, тоа е комплексен и тежок проект, кој подразбира многу реформи и промени. Тој изјави пред пратениците дека во наредните четири години ќе се изградат многу енергетски објекти, вклучувајќи нуклеарки и индустриски паркови, а ќе бидат стимулирани и проекти за мали хидроцентрали. Најави 160.000 нови работни места, продолжување на борбата против корупцијата и сиромаштијата, реформи во здравството и одбраната, како и поддршка на образованието и земјоделството. Освен тоа, Бериша најави изградба на 7 илјади километри автопати, намалување на трошоците на владата за 25 отсто и зголемување на контактите со Албанците во светот.

Приоритет на новата влада, како што нагласи премиерот, ќе биде и почитувањето на правата и слободите на малцинствата, осврнувајќи се на интегрирањето на Ромите и на Египќаните. Во однос на прашањето за Косово, главна цел на владата ќе биде да придонесе за негово меѓународно признавање, помош за консолидација на институциите и заживување на економијата.

Програмата на новата влада беше изгласана со 74 гласови „за“ и еден против. Против беше единствениот присутен пратеник од опозицијата Вангел Дуле, од партијата на грчкото малцинство. Тој во обраќањето во собраниската сала изрази незадоволство од третманот на малцинствата во владината програма и побара да се воведе посебно министерство за малцинствата.

За Мета, кој на функцијата шеф на дипломатијата се враќа по шест години, приоритет е европска интеграција на земјата и добри меѓусоседски односи, вклучувајќи ја и Србија.

Владата се состои од 15 министри, од кои 11 се од владејачката Демократска партија, тројца од Движењето за социјалистичка интеграција и еден од Републиканската партија. Албанскиот парламент има 140 пратеници. Но на прексиноќешната седница, кога беше изгласана новата влада, не присуствуваа пратениците од опозицијата (65), кои и понатаму учеството го условуваат со истрага на изборните резултати.