Македонија до крајот на годинава да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ и целосна визна либерализација, препорачува Европскиот парламент во извештајот за напредокот на земјата во 2008, што беше усвоен денеска во Стразбур.
Срамота е што Македонија не доби покана за членство во НАТО поради неодбранлива и шокантна блокада од нејзин сосед член на Алијансата, истакна поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон на собир по повод 60-годишнината од формирањето на Северноатлантската алијанса.
Грција треба да се откаже од оспорувањето на постоењето македонско и турско малцинство на нејзина територија и да се фокусира на заштита на правата на самоопределување, слободата на изразување и на здружување на овие заедници.
Според аналитичарите евентуалната промена на границите на Балканот по домино ефект ќе се пренесе и во Македонија. Сепак, тие се сомневаат дека меѓународната заедница ќе дозволи промени.
Односите меѓу Македонија и Босна и Херцеговина се на највисоко политичко и општествено ниво, но економската соработка меѓу двете земји не е на задоволително ниво, како што е со некои други соседни земји. Босна и Херцеговина има негативно економско салдо со Македонија и треба да се направат чекори и од двете страни тоа да се исправи, оценија во Сараево македонскиот претседател Бранко Црвенковски и претседавачот на Претседателството на БиХ Небојша Радмановиќ
Од синоќа на полноќ официјално стартуваше кампањата на политичките партии и другите учесници на четвртите претседателски и петите локални избори што ќе се одржат на 22 март.
Со проекцијата на документарниот филм „Сеќавање за Борис“ Македонија денеска започнува со одбележувањето на петтата годишнина од загинувањето на претседателот Борис Трајковски.
И покрај најавите за позитивен извештај, во одредени кругови во Брисел постои скептицизам за визната либерализација. Карл Билт, министер за надворешни работи на Шведска, и добар познавач на балканските прилики, е резервиран околу укинувањето на визите.
Грчката министерка за надворешни работи, во Институтот Брукингс кажа дека “владата на премиерот Груевски навидум го избрала патот на национализам, будејќи балкански сеништа“
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски и евроамбасадорот Ерван Фуере денеска во присуство на амбасадорите од земјите членки на ЕУ во Владата на Република Македонија потпишаа три финансиски спогодби за продолжување на имплементацијата на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) со кои Македонија во наредниот период ќе добие 40 милиони евра.
Бугарија ќе го подджри приемот на Македонија во НАТО, кога Македонија ќе ги реши споровите со соседните страни, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Ивајло Калфин, преенсува српското радио Б2.
Владината критика врз „непатриотското“ медиумско известување и тендерот за изградба на Хидроелектраните Чебрен и Галиште се најматни настани за февруари.
Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов со освоени 451.365 гласа победи на четвртите избори за претседател на Република Македонија. Неговиот противкандидат од СДСМ Љубомир Фрчкоски освои 263.457 гласови.
Известувачот во Европскиот парламент за Македонија, Ерик Мејер, побара од Европската комисија да потврди дали општоприфатените термини „Македонци“ и „македонски“ и кодот на земјата „МК“, од неодамна се заменети со назнака дека „ќе бидат дефинирани“
Прашањето за името е билатерален спор меѓу Македонија и Грција и тоа не е поврзано со критериумите за членство на земјата во ЕУ, но мора да се реши во духот на добрососедската политика, порача еврокомесарот за проширување Оли Рен.
Македонскиот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски испрати писмо до својата грчка колешка Дора Бакојани каде побара отварање на нов граничен премин кај Маркова Нога – Герман.
НАТО изрази задоволство од демократскиот изборен процес во Македонија и повтори дека поканата за земјата ќе биде обновена, откако ќе бидат решени разликите со Грција околу името.
Македонскиот министерот за одбрана Зоран Коњановски синоќа ја заврши официјална посета на Црна Гора со учество на приемот на бродот „Клакринг“ на морнарицата на САД во пристаништето во Бар, што го организира адмирал Марк Фицџералд, командантот на Здружената команда на силите на НАТО во Неапол и на американската морнарица за Европа.
Укинување на визниот режим на ЕУ за Македонија е една од темите на средбата што ќе ја одржат шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и еврокомесарот за проширување Оли Рен.
Градоначалникот на Гостивар Руфи Османи во интервју за Дневник вели дека Охридскиот договор е преодно решение. Според ДУИ, Уставот не е даден еднаш засекогаш. Според некои аналитичари, Охридскиот договор не дава резултати, па Османи ги радикализира состојбите
Спорот со Грција не е за името, туку има за цел да наштети на националниот и јазичен идентитет на македонскиот народ, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски коментирајќи ја изјавата дадена деновиве од амбасадорот на Грција во Вашингтон Алаксандрос Маљас дека предлогот „Република Северна Македонија“ може да доведе до решение за спорот.
Македонските граѓани патуваат во Грција покрај препораката на МНР. Дебата се разви и околу предлогот „Република Северна Македонија“ да биде името околу кое ќе се бара компромис во спорот со Грција.
Грчките весници во денешните изданија даваат акценти и пренесуваат реакции од првата средба меѓу грчкиот премиер Костас Караманлис и американскиот претседател Барак Обама, во Стразбур, на која било разговарано за взаемните однос, односите на Грција со Макеоднија и Турција, како и кипарскоот прашање.
Ден пред јубилејниот самит на НАТО, во германскиот Бундестаг колоквиум за кризниот менаџмент одржа Собранието на Западноевропската Унија, во која учествуваат парламентарци и експерти од Европа.
Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле.
Во Македонија, уставните судии укинале една третина од вкупно 152-та закони и одредби кои биле оспорени минатата година. Се критикува квалитетот на законите што се изготвуваат и гласаат.
Посредникот на ОН за македонско-грчкиот спор околу името Метју Нимиц претпладнево, на одвоени средби, ќе разговара со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.
Посредникот на ОН за македонско-грчкиот спор околу името Метју Нимиц кој денеска допатува во Скопје, попладнево беше примен од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
Македонското собрание утре треба да расправа за изборот на нови министри, откако шефовите на ресорите за евроинтеграции, финансии, образование и земјоделство, поднесоа оставки или се најави нивно разрешување.
Македонија ги исполни сите услови за укинување на визите за нејзините граѓани за патување во земјите на ЕУ, додека Србија и Црна Гора иако имаат направено „значаен напредок“, мора да извршат уште некои дополнителни задачи, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на изјава на еврокомесарот Жак Баро.
Македонија во спорот околу името во иднина нема да разговара за теми надвор од Резолуцијата 817 на ОН, а тоа се промена на уставното име, нови називи за јазикот и нацијата, изјави во Њујорк македонскиот претседател.
Одборот за граѓански права, правда и внатрешни работи на Европарламентот идната среда прв пат ќе го разгледува извештајот за укинување на визите за Западен Балкан.
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Њујорк ќе се сретне со американскиот заменик-државен секретар Џејмс Стајнберг. Главна тема на разговорите ќе биде грчко-македонскиот спор за името
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен се надева на брзо решение и го охрабрува процесот за решавање на единствената пречка што стои на патот на членството на Македонија во Алијансата.
Позициите на грчката владејачка конзервативна партија Нова демократија и на опозициското Сегрчко социјалистичко движење (ПАСОК) за прашањето за името се речиси исти, оценија на синоќешниот предизборен дуел лидерите на двете партии Костас Караманлис и Јоргос Папандреу.
Авторите на Македонската енциклопедија со значително различен третман во однос на актуелниот премиер Никола Груевски и на поранешните претседатели Црвенковски и Борис Трајковски
Откако определницата за Албанците во Македонија во Македонската енциклопедија, а и квалификациите на Али Ахмети и ОНА предизвикаа вистински вулкан во јавноста, академик Али Алиу (член на надворешниот состав на МАНУ) вчера ни изјави дека меѓу него и редовните членови, академиците Луан Старова и Алајдин Абази, постои договор до Академијата да достават барање за измена на спорните делови во енциклопедијата.
Преземете ја RSS верзијата на вестите на PressOnline ...............................
И с т р а ж у в а ч к о н о в и н а р с т в о ...............................