Јозеф Фрицл денеска е осуден на доживотен затвор, откако поротата го прогласи виновен по сите шест точки на обвинението. Казната ќе ја издржува во психијатриска установа.
По масакарот во кој животот го загубија 15 лица, политичарите упатија изрази на сочувство, а граѓаните на Виненден се собраа спонтано да ја поделат тагата по загинатите.
Сеуште е непознат мотивот на седумнаесет годишното момче, кое вчера упадна во своето поранешно училиште и застрела 15 лица. Експертите бараат одговор на прашањето зошто и како се случуваат вакви нешта?
Европската унија во времето на криза се држи заедно и најави подготвеност да делува. Тоа е најважната порака којашто е испратена по вонредниот самит на ЕУ кој се одржа во Брисел.
ЕУ нема да одобри пакет - помош во вредност од 160 милијарди евра за земјите од Средна и Источна Евроа. На крајот на краиштата, не им оди на сите толку лошо, колку на Унгарија, сметаат Европјаните.
Сите 135 лица прежиевеале откако турски патнички авиони на националната компанија "Туркиш ерлајнс" се урнал при слетувањето на амстердамскиот аеродром „Схипхол“
Европскиот суд за човекови права слави 50 години од своето постоење. Бројот на тужбите и донесените пресуди со текот на годините постојано расте. Сепак, дел од земјите на ЕУ ги игнорирале одлуките на судот.
Лидерите на земјите-членки на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот - Г20 се собираат во Лондон за самитот во обид да се изнајде заеднички прифатливо решение за совладување на глобалната финансиска криза и рецесијата во економијата, што се означуваат како најголеми по депресијата од триесетите години на минатиот век, јави дописникот на МИА од Лондон.
Најмалку 179 загинати и нови 34 исчезнати е последниот биланс од земјотресот во Италија, објавен изутрината, соопштија спасувачките служби во градот Аквила.
Црвениот крст на Македонија понуди помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ја погоди централна Италија, при што загинаа околу 180 луѓе.
Претседателот на САД Барак Обама изјави денеска дека средбата на врвот на Г-20 била „многу продуктивна“ и бележи „пресврт“ со „координираните дејствија“ на земјите.
Канцеларот Ангела Меркел и рускиот претседател Дмитриј Медведев во Берлин беа согласни околу потребата од ново уредување на светската финансиска архитектура.
Групен државен погреб на жртвите од земјотресот што вo понеделникот ја погоди централна Италија ќе се одржи денеска, а во земјата е прогласен и национален ден на жалост.
Повеќе илјади припадници на грузиската опозиција и ноќеска ги продолжија протестите против претседателот Михаил Саакашвили. Тие сакаат да останат пред парламентот се‘ додека шефот на државата не поднесе оставка.
Интервју со државниот секретар во германското министерство за надворешни работи, Гернот Ерлер околу бојкотот на Конференцијата на ОН за борба против расизмот.
Над 100 држави-учеснички на Конференцијата на ООН за расизмот едногласно усвоија завршна декларација во која го повикаа светот на борба против нетолеранцијата.
Русија денеска го известила НАТО дека нема да учествува на состанокот со високи воени претставници на Алијансата следниот месец, но дека и понатаму е за планот за обнова на односите на политичко ниво.
Додека сите сектори на европската економија ги потресува сериозна економска криза и рецесија, на една област - сивата економија, по подолго време и „оди од рака“.
Процесот на проширување на Европската унија се одлага поради актуелната економска криза и поради стравот во Брисел од се посилно изразената невработеност во земјите-членки на ЕУ, пишува лондонски „Дејли Телеграф“.
Глобалната економска криза предизвика во ЕУ се помалку со ентузијазам да се гледа на идејата да се дозволи државите од Балканот да станат нејзини нови членки, соопшти чешкото претседателство со Унијата.
Светската финансиска криза ќе биде главна тема на Самитот на Групата осум индустриски најразвиени држави во светот (Г-8), кој од 8 до 10 јули ќе се одржи во италијанскиот град Аквила.
Лидерите на земјите од Г-8 на средбата во италијанскиот град Аквила синоќа усвоијаофицијална декларација во која го отфрлуваат протекционизмот и повикуваат за брзо завршување на блокираните преговори за светската трговија од кругот Доха.
Преземете ја RSS верзијата на вестите на PressOnline ...............................
И с т р а ж у в а ч к о н о в и н а р с т в о ...............................