faqja e pare      për ne          redaksia       parapagimi      marketingu       kontakt  

10.9.2010  
 Maqedoni
 Ballkan
 Evropa
 Bota
 Arkivi
 2008
 2007
 2006
 2005

Корисен спор

Пред реизборот на Барозо за претседател на ЕК, околу него се разви широка дебата меѓу шефовите на држави и влади и Европскиот парламент. Затоа Португалецот долго мораше да се бори за поддршка. Дали конечно успеа?

Значи, тој успеа. Мнозинството од европратениците застанаа зад вториот мандат на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо. Шефовите на држави и на влади на ЕУ и така го сакаа, тие едногласно го номинираа веќе во јуни. Но, парламентот на почетокот се спротистави и со месеци водеше спор со Советот. Се поставува прашањето: дали оваа борба за превласт можеше да биде избегната, со оглед на тоа што Барозо беше единствен кандидат? Освен тоа, неговиот главен поддржувач, политичката група на европските народни партии, по европските избори остана најголема сила. Одговорот е - не. Спорот беше апсолутно нужен.

Барозо на сите им вети по нешто

Барозо мораше да ја добие поддршката на парламентот, претставувајќи му ја својата програма. Всушност, тоа е демократска постапка која се подразбира сама по себе, но не и во комплицираните игри за моќ во ЕУ, каде државите-членки свират прва виолина. Кандидатот со тоа беше принуден да прави отстапки кон одделни политички групации. На пример, на либералите им вети комесарско место за граѓански права, на социјалистите дека ќе се бори против социјалниот дампинг, а за да ги придобие зелените, ќе воведе екстрасектор за заштита на климата. Кај либералите ја постигна целта, кај социјалистите, тешко, а кај зелените воопшто не успеа.

Парламентот излезе зајакнат

Се работи за нешто посуштинско отколку за политички ветувања, за кои човек воопшто не е сигурен дали ќе бидат остварени. Во крајна линија, се работи за самодовербата на парламентот. Тој не дозволува повеќе да клима со глава на одлуките на Советот, иако односите на силите во него се сосема јасни. Парламентот излезе зајакнат од спорот околу Барозо. А тоа е демократски плус за европските институции.

Овој спор му користи и на самиот претседател на ЕК. Со тешко извојуваното парламентарно мнозинство зад себе, тој може посамостојно да настапува кон моќните држави-членки. Изборот, сепак, има една мана. Барозо сакаше што е можно пошироко мнозинство, но не какво било, туку проевропско. Но, него го поддржаа токму евроскептичарите. Барозо, сепак, ги прифати нивните гласови, а со тоа го потврди гласот кој го бие кај критичарите. Тие го нарекуваат камелеон.