faqja e pare      për ne          redaksia       parapagimi      marketingu       kontakt  

10.9.2010  
 Maqedoni
 Ballkan
 Evropa
 Bota
 Arkivi
 2008
 2007
 2006
 2005

Албанци од Македонија ги бркаат Хрватите од Косово

Хрватите од косовските села Летница и Шашаре, во општината Витина, живеат во страв бидејќи Албанци, кои во нивните села дошле како бегалци од Македонија, јавно прават штети, физички ги напаѓаат, а од многу напуштени куќи на Хрватите направиле штали, пренесува српската агенција „Бета“. За време на конфликтот во Македонија, Албанци од пограничните села ги запоседнале куќите на Хрватите, кои ги напуштиле своите домови за време на војната во Косово. Било планирано македонските Албанци да бидат сместени таму привремено. Но, некои Хрвати велат дека сега воопшто не станува збор за привремено сместување бегалци бидејќи Албанците од Македонија поседуваат големи стада добиток и дека за тие потреби напуштените хрватски куќи ги направиле штали. Стоката ја напасувале на нивите на Хрватите, а наголемо ја сечеле и околната шума. - Поради сето тоа, раселените Хрвати, кои годинава дошле во Косово да ги посетат своите некогашни домови и да ги одбележат католичките празници Голема и Мала Богородица, на 15 август и на 8 септември, не можеле да преноќат во своите куќи. Некои преноќиле кај пријатели во селото Летница, некои во автобуси или автомобили, а некои морале да преноќат пред католичката црква во селото Летница - објавува „Бета“. Портпаролот на косовската полиција Арбер Бека рече дека во последниве осум месеци немало никакви пријави во регионот на Летница. Тој ги повикал граѓаните, на кои им е нешто узурпирано или, пак, биле нападнати, тоа да го пријават во полиција. Стјепан Ивиќ (56) од Хрватска се вратил во Косово за да живее во својата куќа во селото Шашаре. Но, неговото враќање останало само желба бидејќи куќата му била целосно уништена. Куќите на Хрватите се со искорнати врати и прозорци и со украдени инсталации. Стојат само ѕидовите и дел од покривите. Иван Гегиќ (41), кој дошол од Хрватска да го одбележи католичкиот празник и да ја види својата куќа, доживеал вистински шок. - Моето село Шашаре изгледа полошо отколку некои села во кои се војуваше, а тука воопшто немаше војна. Знаеме дека Србите, кога заминуваа одовде, не однесоа со себе ниту една лажица. Но, куќите се целосно уништени. Останати се само полуурнати ѕидови и накривени покриви. Најголемиот дел куќи сега се штали. Албанците од Македонија чуваат крави во мојата куќа - раскажува Гегиќ. Според него, најлошо е тоа што косовската власт гледа се, а никој ништо не презема. Тој додава дека ниту хрватската држава не дава поддршка на своите граѓани во Косово. Од друга страна, Зекир Суљиша, локален Албанец од кумановско село, кое од косовското Шашаре е оддалечено само два часа одење пешки, негира дека македонските Албанци ги претвориле куќите на Хрватите во штали. Според него, добитокот, бегајќи од жештините, самиот влегувал во куќите за да се засолни бидејќи на нив немало ниту врати, ниту, пак, прозорци. Претседателот на општината Витина, Неџмедин Арифи, вели дека општината не ги донела бегалците од Македонија. - Тоа го направија меѓународните организации. Ние само бевме солидарни и ги прифативме тие луѓе. Но, војната сега е завршена и тие луѓе би требало да се вратат дома во Македонија. Кога би се прашувал јас, тие веднаш би биле вратени таму од каде што дојдоа - изјави Арифи. Тој додава дека барал од меѓународните организации да ги вратат албанските бегалци во Македонија, но дека никогаш не добил одговор на неговото барање. Амбасадорот на Хрватска во Приштина, Златко Крамариќ, истакна дека тој ги предупредил претставниците на општината Витина и на косовските власти за се што се случува со хрватското население во Косово. - Имаме разбирање за тоа дека тие луѓе за време на воениот конфликт во Македонија привремено се населија во празните куќи на Хрватите, но тоа никако не смее да биде трајно и“рече Крамариќ. Тој нагласува дека добил уверување и од претседателот и од премиерот на Косово, како и од неколку косовски министри, дека тие се подготвени да го решат проблемот.

Од 10.000 Хрвати останале само 250

Во Косово некогаш имало околу 10.000 Хрвати, кои живееле во селата на Летничка Жупа и во Јањево. Нивното иселување почнало во 1990 година, со распадот на СФРЈ, а дел од нив си заминале во 1999 година, по доаѓањето на меѓународните мировни сили на Косово. Сега во Јањево има околу 250 Хрвати, а во Летница и околните села само 47.