Силно обезбедување на геј парадата во Белград
Илјада полицајци добиле заповед да ја обезбедуваат геј парадата во Белград оваа недела, поради опасност од евентуални провокации.
Парадата е прво такво случување по митингот за правата на хомосексуалците во 2001 г, што заврши со насилство, кога фудбалските хулигани, националистите и скинхедсите ги нападнаа учесниците во парадата.
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешните работи Ивица Дачиќ рече дека неколку илјади полицајци ќе учествуваат во обезбедување на случувањето.
„Никое слично друго собирање во Србија не е толку под закана од провокации. Има јасни индикации за тоа, дека некој се заканува на парадата и полицијата ќе реагира", изјави тој и ги повика граѓаните на мирно манифестирање.
Крајната десните националистички движења и фудбалските хулигани сакаат да предизвикаат проблеми во текот на парадата најавуваат локалните медиуми. |