Промовиран концептот за целосно здравствено осигурување за сите граѓани
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска ќе присуствува на промовирањето на концептот за целосно здравствено осигурување за сите граѓани во Република Македонија.
На настанот Груевски ќе биде придружуван од министерот за здравство Бујар Османи.
Поаѓајќи од уставно загарантираното право на сите граѓани за еднаков пристап кон системот за здравствена заштита, Владата и Министерството за здравство преку неодамна усвоените новини во Законот за здравствено осигурување им овозможија осигурување на оние граѓани на Македонија кои досега не биле здравствено осигурувани ниту по еден основ.
Со оваа новина првпат во системот на здравствено осигурување е опфатено целото население вклучувајќи ги и лицата без постојано место на живеење, бездомниците, лицата кои не се активно способни да работат, оние со болести за зависности, како и други ранливи групи.
|