Ситуацијата во БиХ се влошува

Високиот претставник за Босна и Херцеговина (БиХ) Валентин Инцко го извести главното тело на Европската унија за надворешна политика дека политичката ситуација се влошува и оти не се спроведува ништо од потребните реформи.
„Недостатокот на доверба и дијалог меѓу политичките лидери влијаеше на работата на политичките институции, главно на државно ниво“, рече Инцко во Брисел пред комитетот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
Особено предупредува на недопустливото однесување на претседателот на министерскиот совет на БиХ, Никола Шпириќ, со оценка дека тој го блокира именувањето на нов министер за безбедност, невтемелено поврзувајќи го ова прашање со други именувања. Инцко исто така известува дека парламентот на БиХ донел само неколку закони во последните шест месеци и оти државните институции, како што е Електропренос и натаму се доведуваат под прашање, особено од Република Српска. |