faqja e pare      për ne          redaksia       parapagimi      marketingu       kontakt  

10.9.2010  
 Maqedoni
 Ballkan
 Evropa
 Bota
 Arkivi
 2008
 2007
 2006
 2005

Обама бара брзо обновување на мировните преговори за Блискиот Исток

Aмериканскиот претседател Барак Обама повика на брзо обновување на мировните преговори меѓу Израелците и Палестинците. Обама вчера
во Њујорк се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со претседателот
на Палестинците, Махмуд Абас.

Средбата се одржа во њујоршкиот хотел „Волдорф Асторија“, во рамки на 64-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Нетанјаху по средбата изјави дека е постигнат напредок во насока на решавање на конфликтот, но оти претстои уште многу работа. Обама изјави дека специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток, Џорџ Мичел, следната недела повторно ќе се сретне со преговарачите на Израелците и на Палестинците.